Реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓу екипите на ПСЖ и на Борусија, ќе се одигра без присуство на публиката.

Како што тврди RMC Sport, отсуството на навивачите ќе го чини францускиот шампион околу 10 милиони евра. Тоа е сумата што ПСЖ требаше да ја заработи од продажбата на картите, но и од рестораните, бутиците и другите продавници на стадионот.

Притоа, ПСЖ секако ќе мора да ја плати службата за обезбедување и техничкиот персонал, како и службата за хигиена на внатрешните простории по средбата.

Загуби има и градот Париз, бидејќи се очекуваа околу 7000 фудбалски фанови од Германија.

Оваа средба се игра утре.