Селтик ја одби понудата за својот лев бек Киеран Тирни испратена од Арсенал, а во висина од 15 милиони фунти.

Медиумите од островото јавуваат дека првата понуда на Арсенал е одбиена, но се очекува „топџиите“ да достават нова понуда за младиот фудбалер.

22-годишниот Тирни одигра 21 натпревар за Селтик во изминатата сезона, а за неговите услуги заинтересиран е и италијански Наполи. Тирни со шкотскиот шампион има договор до 2023-та година, но се поизвесно е дека летово ќе го напушти „Селтик парк“.