Рајо Валекано е решен добро да заработи од евентуалната продажба на Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативен голман беше поврзуван со трансфер во Валенсија но откако оваа приказна не се реализираше, Севиља си ја пробала среќата со понуда од 2.5 милиони евра но експресно била одбиена.

Предходно Еспањол понудил 4,5 милиони евра за Димитриевски но и оваа сума не била доволна за раководствот на Рајо за да му дозволи на голманот да преговара за трансфер.

Неофицијално, Рајо Валекано бара шест милиони евра но засега нема тим кој е подготвен да ја издвои оваа сума за Димитриевски.