Реал Мадрид во сабота го пречекува Реал Сосиедад во натпревар од 14 коло во Ла Лига. Мартин Одегард оваа сезона игра одлични во дресот на Сосиедад.

Норвежанецот е позајмен од „кралевите“ и посакува еден ден да се врати во Мадрид и да биде стандарден првотимец.

„Мојата цел е да успеам во Реал Мадрид но среќем сум во Реал Сосиеадат сега за сега. Не ми е гајле дали ќе треба да чекам две или пет години за да игра за Реал Мадрид. Да се биде дел од тимот на Реал е посебно чуство но сакам да игра редовно. Ако сега постигнам гол на „Сантијаго Бернабе“ нема да го славам.“ – вели Одегард

Одегард  поради повреда ги пропушти последните три натпревари за Сосиедад но се очекува викендов да се врати во тимот.