Мартин Одегард важи за еден од најголемите таленти во Европа, Реал Мадрид го откупи за сума од 3 милиони евра и постојано го дава на позајмици.

Наредната сезона Одегард ќе настапува за Реал Сосиедад, откако двата клубови постигнаа договор за норвежанецот.

Одегард има 20 години, минатат сезона настапуваше за Витесе како позајмен играч, постигна 11 голови на 37 натпревари.

Норвежанецот имаше неколку понуди за продолжување на својата кариера, меѓу кои и онаа на Баер Леверкузен, но Одегард не сакал да настапува во Бундеслигата и имал желба да се врати во Примера.