Македонија и Словенија вечерва од 20-45 часот на арената „Тодор Проески“ се среќаваат во квалификации за ЕП 2020.

Словенија и Македонија во Љубљана одиграа 1-1, натпревар во кој нашиот национален тим покажа дела може да ги победи „змајчеки“, ако не успеавме на гости можеме вечерва во Скопје.

Ова е шеста пресметка меѓу двата тима, Македнија има три победи, еднаш победи Словенија и еден меч завршил нерешено.

Селекторот Игор Ангеловски најави борба за секоја топка, за секоја педа од теренот, МатјажКек од друга страна изјави дека Словенија дошла по бодови во Скопје.

Македонија во нападот се очекува да започне со Несторовски и Пандев, во средниот ред, Адеми, Елмас и Спировски, на крилните позиции, Алиоски и Николов, во одбраната, Муслиу, Ристовски и Ристевски, на голот стандардно Димитриевски.