Полуфиналниот и последниот натпревар на Европското првенство во фудбал ќе можат да го следат 40.000 навивачи на стадионот Вембли во Лондон, објавија Британските власти синојќа.

Британската влада ги одобри плановите за 20. пилот настани што ќе можат да се одржат во присуство на гледачи, вклучително и Европското првенство во фудбал и тенискиот турнир Вимблдон.

„Ние би сакале да собереме докази за тоа како можеме да и отвориме на јавноста големи настани за тие да можат да се одвиваат безбедно и што е уште поважно, за да останат отворени“, рече министерот за култура Оливер Доуден.

Сепак, веќе е јасно дека финалето за жени на Вимблдон на 10 јули и финалето за мажи еден ден подоцна ќе можат да се одржат пред полните трибини на централниот терен.

Зголемување на зафатеноста на трибините за 50 проценти од капацитетот ќе се постигне за двата натпревари од осминафиналето што се играат на Вембли. На ЕУРО, навивачите кои купиле билети за натпревари на Вембли, мора да обезбедат доказ за вакцинација или неодамнешен негативен резултат од тестот Ковид-19.