Јувентус по победата над Малме во Лигата на шампионите се насочува кон следниот важен предизвик, во недела го дочекува Милан во дербито на колото во Серија А.

Фредерико Киеза и Фредерико Бернардески започнаа со тренинзи и се очекува да бидат подготвени за настап за дуелот со „Росонерите“.

Киеза не играше ни против Наполи додека Бернардески го прескона соочување со Малме.

„Старата Дама“ против Милан во недела ја брка првата овосезонска победа во Серија А.