Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер Арнолд го продолжи договорот со Ливерпул.

Така клубот успеа да го „врзе за себе“ 22 годишниот дефанзивец, кого сите најголеми европски клубови би го сакале во своите редови, со оглед на тоа што е еден од најдобирте десни бекови на светот.

Популарниот ТАА потпиша договор до 2025 година, а во Ливерпул ја започна својата кариера во 2016-та година.

Минал низ сити млади категории на Ливерпул и сега е незаменлив во стартната постава на Јирген Клоп.