Заинтересираните кои ќе сакаат да бидат дел од ЕУРО 2020, каде што Македонија ова лето ќе дебитира на големите натпреварувања на УЕФА, може да здивнат.

Наместо како што беше најавувано дека дека за натпреварите во Букурешт, Романија ќе можат да купат билет, но нема да мора да направат влез и излез за 72 часа во оваа држава.

„Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт. Она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три /3/ дена, согласно кое при престој во Романија, македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Од „Куќата на фудбалот“ предизираа дека се уште нема информација за тоа колкав број на билети ќе бидат во прадажба, а приоритет за купување на билети ќе имаат здравствените работници кои ќе покажат интерес.

Заинтересираните за дуелите на Македонија со Австрија и Украина кои ќе се играат во Романија, за билети може да аплицираат на следниот ЛИНК.