Златан Ибрахимовиќ се очекува да биде на клупата за резерви на Милан за реваншто со Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лига Европа.

Искунисот напаѓач успешно ги поминал медицинските прегледи во „Каса Милана“ и добил дозвола за тренинг со полн интензитет во следните неколку денови.

Ибрахимовиќ имаше повреда на мускулот поради која не беше во тимот на Милан на гостувањето на „Олд Трафорд“.

Милан брани 1:1 на домашен терен во четврток против Јунајтед во обидот за пласман во четвртфиналето од Лига Европа.