Италијанскиот дефанзивец Матија Калдара следната сезона ќе ја помине на позајмица во новиот прволигаш Венеција.

Калдара пристигна во Милано пред три години од Јувентус со епитетот петто најскапо засилување во историјата на клубот и трансфер вреден 36,4 милиони евра.

Три години подоцна, сега 27-годишен дефанзивец, имаше многу проблеми со повредите, а за Милан забележа само два настапи.

Минатата сезона играше за Аталанта, во чиј дрес забележа само 9 натпревари, а сигурно е дека ќе ја има можеби и последната шанса да ја заживее кариерата во Венеција.

Тој потпиша договор за заем со новиот член на Серија А до крајот на сезоната, по што Венеција ќе има право да го откупи неговиот договор за 4 милиони евра.