Натпреварот меѓу Лацио и Торино кој беше на програмата вечерва нема да се одигра, здравствените власти не дозволуваат фудбалерите на гостинскиот тим да допатуваат во Рим.

Торино добри забрана за патување во Рим од локалните здравствени власти, тие имаат осум позитивни играчи на Ковид-19.

Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, изјави дека протоколите мора да се почитуваат, прашање е само дали овој натпревар ќе биде службено доделен на Лацио, или ќе се бара нов термин.