Тројца од фудбалскиот клуб Олимпја се позитивни на Ковид-19, фудбалската федерација на Словенија го одложи почетокот на сезоната за 22 август.

ФА на Словенија реагираше брзо, беа тестирани 450 фудбалери, тројца од Олимпја се позитивни, сезоната нема да започне викендов во најсилната фудбалска конкуренција на оваа земја.

Сезоната во Словенија засега ќе се игра без присуство на публика се до следна одлука на фудбалската федерација.