Веќе е јасно, што ќе се случува со играчите кои остнуваат без договоро по 30 јуни годинава, тие можат да останат во нивните моментални клубови до крајот на сезоната. Ова беше објавено во официјалното соопштение на Премиер лигата.

Овие фудбалери ќе потпишат краткорочно продолжување на нивните договори, така што тимовите ќе можат да ја завршат сезоната без да прават трансфери или да останет без клуб.За ова двете страни мора да се согласат.

„Она што денес решивме е да обезбедиме, колку што е можно, клубовите да ја завршат сезоната со истите состави што ги имаа пред кампањата да запре. Играчите можат да ги продолжат своите договори по 30 јуни – до крајот на сезоната, но за тоа е потребна согласност од обете страни.“– изјави извршниот директор на Премиер Лигата, Ричард Мастерс.