Фудбалската федерација на Македонија ќе добие 400 за коронавирусот  тестови од Инситутот за јавно здравје за да може да изврши тестирање на сите учесници во ПМФЛ. Ова ќе биде спроведено пред продолжението на сезоната ако се донесе таква одлука.

Ова е само еден од заклучоците од денешниот состанок во ФФМ со прволигашите на кој епидемиологот д-р Жарко Караџовски го образложи безбедносниот протокол и рамките во кои ќе мора сите да соработуваат ако има продолжение на сезоната.

Прашањето дали и како би се доиграла сезоната во ПМФЛ и ВМФЛ најверојатно нема да биде одговорено денеска.

До понеделник (25мај) од ФФМ треба да ја известат УЕФА што ќе се случуваа со оваа натпреварувачка сезона, поради ова изгледно е дека ќе мора да сочекаме до понеделник за да дознаеме што ќе се случи со клупскиот фудбал во земјава.