Дуелот за титулата меѓу Јувентус и Лацио ќе се одигра на 20 јули, ова го тврди агенцијата АНСА од Италија.

Серија А се рестартира на 20 јуни, 30 дена подоцна ќе се игра клучниот дуел на двете водечки екипи во калчо лигата сезонава.

Во моментов се работи на утврдување на календарот во Серија А по рестарот, но АНСА тврди дека дербито ќе се игра на 20 јули.

Јувентус е лидер во калчото пред Лацио со бод предност по 26 одиграни средби.