Ла Лига го објави терминот за „Ел Класико“, ќе се одигра на 24 ноември, но терминот не е по желба на навивачите на Реал Мадрид и Барселона.

За потребите на Азија, челниците на Ла Лига решија супер дербито да се одигра со почеток од 16-15 часот, ова ги разлути навивачите на двата клуба.

Најголемото дерби на Шпанија и едно од најголемите на светот ќе се игра во дневен термин, парите кои Ла Лига ги добива од Азија се огромни, и затоа ќе им се „угоди“ на гледачите од овој дел од светот.