Бранителот на титулата во ФА Купот, Манчестер Сити ќе игра против Њукасл во четврт-финалето. Вака реши ждрепката, која одлучи Лестер за противник да го добие Челзи.

Сити ќе биде гостин на 21 или 22 март, Лестер  е домаќин на Челзи, Арсенал, кој има 13 титули во ова натпреварување, се среќава со Шефилд на гости, победникот од дуелот Тотенхем- Норич ќе се сретне со подобриот од дуелот  Манчестер Јунајтед – Дерби Каунти.