Парагвајскиот клуб Олимпија на својот официјален сајт го објави потпишувањето на напаѓачот од Того, Емануел Адебајор.

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем и Реал, потпиша за клубот од Асунсион. Должината и вредноста на договорот не се објавени.

Адебајор (35) во Олимпија ќе игра со уште еден ветеран, 38-годишниот Роке Санта Круз, поранешниот играч на Баерн.