Јувентус и Атлетико Мадрид потврдија, Алваро Мората следната сезона ќе ја помине како позајмен во тимот од Торино.

Јувентус за едногодишната позајмица на Атлетико Мадрид ќе му плати 10 милиони евра а по завршувањето на сезонава ќе може да го откупи неговиот договор за 45 милиони евра на три рати.

Постои можност Мората да остане во Јувентус на уште една сезона како позајмен, во таква ситуација, откупувањето на неговиот договор во јуни 2022 година би било за 35 милиони евра.