Арсенал го потврди својот трет трансфер ова лето. По доведувањето на Алберт Локнга и Нуно Тавареш, сега пристигна и англискиот стопер Бен Вајт од Брајтон.

Тансферот на Бен Вајт стана и трет најскап во историјата на Арсенал, бидејќи лондонскиот клуб за неговото доаѓање плати 58 милиони евра. Поскапи од него досега се само Пјер Емерик Аубемајнг, кој од Дортмунд дојде за 67 милиони евра, како и најскапиот Николас Пепе, кој од Лил дојде за 80 милиони евра.

Тренерот на Арсенал Микел Артета не го криеше своето воодушевување поради овој трансфер.

„Бен беше наша главна мета ова лето и одлично што конечно го доведовме. Тој е интелигентен дефанзивец кој знае да игра со топка и баш таков стил на игра нам и ни одговара. Притоа, тој е и млад, така што и со овој трансфер покажавме дека мислиме на иднината на клубот“- изјави Артета.