Германскиот играч од средниот ред Леон Горецка го продолжи договорот до 2026-та година.

Претходните денови не беше јасно дали 26 годишниот сака да остане во Минхен и во иднина, но сега се се заврши со потпис на нов договор.

„Леон стана од нашите клучните играчи, фудбалер кој е подготвен да преземе одговорност. За нас, секогаш се се сведува на ДНК-ата на Баерн. Горецка го носи тој клучен став кој нас не претставува, заедно со Џошуа Кимих. Тие се срце на играта на Баерн“- истакна Оливер Кан извршниот директор на Баварците.

Репрезентативецот на Германија во Баерн пристигна во 2018-та година како слободен играч од Шалке. Во меѓувреме стана еден од најбитните играчи на тимот. На 118 натпревари има 25 гола, како и една асистенција повеќе.