Марио Балотели конечно најде нов клуб, Бреша која се врати во најсилната конкуренција на Италија потпиша со поранешниот репрезентативец на оваа земја.

Балотели беше пред потпис со Фламенго од Бразил, но се реши да ја прифати понудата на Бреша  и да се обиде да се наметне кај Роберто Мначини, да се избори за место во репрезентацијата на Италија.

Според информациите,  Балотели потпишал договор на три години. За Балотели ова е враќање во калчото по 2015 година кога играше во Милан а беше позајмен играч од Ливерпул.

Балотели има 29 години, во Бреша дојде како слободен играч по завршувањето на договорот со Олимпик Марсеј.