Во новата сезона во Ла Лига, Барселона ќе тргне без Лионел Меси во тимот, откако капитенот на клубот и најдобриот играч во историјата на овој клуб и официјално нема да го продолжи договорот и ќе ја промени средината.

Пва го потврдија од Барселона со соопштение, откако претходно „Марка“ најави дека преговорите за нов договор прекинале Меси е во потрага по нов клуб.

Меси се поврзува со ангажман во ПСЖ, тој е без клуб во моментов а претходно беше трансфер цел и на Манчестер Сити и на Интер.

Меси за А тимот на Барселона играше од 2004 година.