Португалскиот стручњак Бруно Лаж, сега и официјално ја напушти клупата на Бенфика. Португалскиот шампион ја прекина соработката со Лаж по низата катастрофални резултати во португалскиот шампионат.

Бенфика на последните 10 натпревари забележа само две победи, а поразите од Санта Клара и Маритимо беа пресудни за неговиот отказ.

Поради овие резултати многу веројатно „орловите“ ќе му ја препуштат шампионската титула на својот најголем ривал Порто. Наследник на Лаж, до крајот на сезоната ќе биде Нелсон Верисимо кој беше негов асистент.