Повремениот репрезентативец на Македонија, Дарко Мицевски е претставен како нов играч на Рига од Летонија.

Капитенот на ФК Вардар одлучил да ја прифати оваа понуда па Рига стана неговиот шести клуб во досегашната кариера.

Мицевски играше за Вардар од јуни 2018 но поради финаниските проблеми со кои се соочувааат црвено-црните, тој е последен на листата кои си заминаа од актуелниот првак.