Македонскиот младински репрезентативец Давид Тошевски и официјално го комплетираше трансферот во рускиот прволигаш Ростов.

Тошевски одлучи да ја прифати понудата од Русија и покрај шанста да се прасели во француски Лил.

„Моеже да потврдиме дека е постигнат договор со Работнички за трансферот на Давид Тошевски. Потпишавме петгодишен договор со 18 годишниот играч. Му посакуваме добредојде во Ростов и му посакуваме блескава иднина.“– соопштија од Ростов.

Неофицијално, Работнички од продажбата на Тошевски заработи 900 000 евра.