Дејан Станковиќ повторно се враќа во Интер, овој пат како тренер на младинската академија на „нероазурите“, откако од фудбалот се пензионираше во дресот на италјанскиот гигант во сезоната 2012/13.

Оваа информација ја потврди и раководството на Интер, кој ќе се грижи за младите во академијата, а фокусот ќе му биде во развојот на самота индивидуална техника на младите таленти. Тој ќе го тренира својот 17-годишен син Филип, кој брани во тимот на Интер Примавера.

По завршувањето на кариерата, легендарниот Деки беше му беше помошник тренер на Андреа Страмачиони во тимот на Удинезе, а исто такат во сезоната 2015-16 беше координатор во тимот на Интер.

Станковиќ одигра 326 официјални натпревари за Интер на кои постигна 42 голови.