Италијанското супер дерби „Derby d’Italia“, дуелот меѓу Јувентус и Интер е одложено за 13 мај, ова го објави ФИГЦ денеска, на нешто повеќе од 24 часа пред почетокот на средбата која требаше да се игра зад затворени врати.

Причината е позната, Коронавирусот ги затвори вратите за навивачите, сега и го одложи натпреварот.

Иамше многу дилеми дали ова дерби за титулата во калчото треба да се игра без публика, денеска е решено, да се презакаже за 13 мај.

Покрај оваа средба, за втората недела во мај се одложени и средбите меѓу Удинезе – Фиорентина, Милан -Џенова, Парма -Спал и Саусуоло – Бреша кои требаше да се играат овој викенд.