По најавата дека Горан Пандев не е позитивен на последното тестирање на Ковид-19 во Џенова, пристигна и официјална потврда од италијанскиот прволигаш.

Од Џенова ги објавија имињата на заразените меѓу кои го нема нашиот репрезентативен капитен.

Заразени се: Перин и Шон од претходно како и Касата, Маркети, Мелегони, Лерагер, Малегони, Пелегрини, Пјаца, Радовановиќ и Запакоста.  Од тренерскиот тим позитивен Ковид-19 тест имаат: Донато, Гато и Перасо.

Ова значи дека Пандев дефинитивно ќе биде на списокот повикани на Игор Ангеловски за дуелот на Македонија и Косово.

Денеска и од Наполи потврдија дека немаат позитивен случај, што значи дека Елиф Елмас исто така ќе биде во составот на Македонија.