Унаи Емери во следните три сезони ќе седи на клупата на шпански Вилјареал. Ова го потврди прволигашот откако соработката со искусниот тренер е официјализирана со тригодишен договор.

„Вилјареал постигна договор со Унаи Емери, тој ќе биде нашиот тренре во следните три сезони.“ – соопштија од „Жолтата подморница“.

Емери по пети пат ќе води клубо во Шпанија по Лорка Депортиво, Алемрија, Валенсија и Севилја. Последно беше ангажиран во Арсенал.

Реагираа медиумите од Англија, фотографијата со која беше претставен е од времето на Арсенал.