Интер го комплетираше трансферот на Ешли Јанг од Манчестер Јунатед, обајви клубот од Милано кој му посака добредојде на новиот играч на својот сајт.

Интер и Јунајтед се договорија за позајмица на шест месеци со можност на продолжување на договрор на уште една сезона.

Јанг има 34 години, сезонава за Јунајтед одигра 18 натпревари, во клубот од Манчестер беше од 2011 година, се очекува да дебитира во дресот на Интер в недела против Лече.

 

Инаку Ешли Јанг го одбра дресот со број 15.