Македонскиот фудбалски првак, Шкендија реши да ја прекине соработката со Филипе по три месеци откако го ангажираше.

Клубот и играчот заемно се согласиле на прекин на договорот со што се потврдија најавите дека шампионот на Македонија ќе направи многу измени во периодот кој следува.

Според последните информации, Шкендија ќе остане без главниот спонзор а со тоа и најскапоплатени фудбалери ќе го напуштат клубот во зимскиот преоден рок.