Дуелот на Манчестер Сити и на Челси во финалето од фудбалска Лига на шампиони на УЕФА ќе се игра на „Драгао“ во Порто, потврди УЕФА.

Двата клуба учесници во битката за европскиот трон ќе добијат по 6000 билети за нивните навивачи, вкупно се очекува на трибините да има 15 000 фанови.

Ова е втора година по ред како финалето во ЛШ ќе се одржува во Португалија, откако минатата сезона се играше во Лисабон.