Медиумите од Апенините потврдија дека Нигериецот Пол Акпан е првиот фудбалер кој игра во Италија а е заразен со корона вирус.

Нигериецот е член на третолигашот Пианенсе, 22 играч не присуствувал на денешниот тренинг откако рано утринава бил позитивен на тестирањето за корона вирус.

Тој вчера бил на заедничкиот ручек во клубот. По ова заминал дома, почуствувал тегоби и викнал доктор. По извешените испитувања било утврдено дека е заразен од корона вирусот и сега ќе мора да остане болница во очекување на директиви од Министерството за здравство на Италија.

Денеска беше потврдено дека спортски новинар од Шпанија се заразил со корона вирусот по посетата на Италија.