На да дена до пресудниот викенд, односно пред продолжување на сезоните во Првата и во Втората Бундеслига во Германија, сите 36 клуба и официјално се за идејата првенството да биде завршено.

Ова треба да се се случи до крајот на јуни, но одлука на Германската фудбалска лига овозможува ова да се случи во јули, секако доколку е потребно.

Одобрено е да има замени на 5 до 6 фудбалери. Шампион ќе има и секако два тима што ќе испаднат во втората лига.

Решенијата:

1. Сезоната може да биде продолжена по 30 јуни доколку е потребно

2. ГФЛ може да го промени датумот на започнување за следната сезона, во зависност од тоа кога ќе заврши тековната

3. ГФЛ го задржува правото да ги промени датумите за почеток и крај на трансфер-прозорците по завршувањето на оваа сезона и во средината на следната

4. Дозволено е да се направат пет смени во рок од 90 минути и шест доколку има продолженија

5. ГФЛ може да закаже даден натпревар на неутрален терен за кратко време