Управата на Академија Пандев реши да му даде шанса на Ѓорѓи Стојчев на позицијата шеф на стручен штаб.

Ова е решението по заминувањето на Александар Васоски во Сараево.

„Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски. Со среќа Шефе и ти посакуваме големи успеси!“ – порачуваат од Академија Пандев.