Легендата и поранешен капитен на Македонија, Гоце Седлоски сепак ќе го води Динамо Загреб, но место првиот тоа ќе биде вториот тим на Загребчан. Тој ќе ја води екипата во младинската Лига на шампиони каде ќе играат во  четвртфиналето со врсниците на Бенфика.

Седлоски беше блиску до потпис со првиот тим на Динамо, но во последен момент на чело на хрватскиот шампион седна Игор Јовичевиќ.

Гоце Седлоски како играч во редовите на Динамо Загреб мина шест и пол години, од 1998 до 2005 година, период во кој стекна епитет на легенда во тимот на „модрите“.