Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев и официјално го продолжи договорот со Џенова на уште една година.

Со ова тој потврди дека нема да оди во пензија, иако веќе се повлече од репрезентативниот дрес на Македонија а најавуваше дека можно е да престане да игра фудбал.

38 годишниот Горан Пандев со Џенова потпиша до 30 јуни 2022 година.

Досега одигра 156 натпреври за џенова и постигна 28 гола во Серија А за овој клуб, вкупно во елитата на Италија има 473 натпревари и 101 гол.