Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк официјално потврди дека нема да биде дел од тимот на Холандија за престојното ЕУРО.

Повредата од коленото не успеа да ја санира навремено за да може да биде подготвен за настап на престојниот турнур, но верува дека ќе успее да ја почне новата сезона со Ливерпул во Премиер лигата.

„Решив да не одам на ЕП да ја продолжам со рехабилитацијата. Физички чувствувам дека не можам да играм. Тажен сум што ќе го пропуштам ЕУРО и нема да можам да ја предводам мојата земја, но тоа е тоа и морам да го прифатам.“ – вели Ван Дијк.

Холандија во третото коло од групната фаза на ЕП ќе игра против Македонија во Амстердам.