Македонскиот фудбалски шампион Шкендија и официјално во своите редови го доведе бразилскиот фудбалер Хуан Фелипе, екс-играчот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Хуан Фелипе со тетовскиот тим потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот на уште една година доколку се договорат двете страни.

Фелипе веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ќатип Османи, но нема да биде во тимот за првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите против естонски Номе Калју на гостински терен , но затоа пак ќе дебитира во дресот на Шкендија за реванш мечот кој ќе се одигра во Скопје седум дена подоцна.