Сега е официјално, Златан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан и ќе игра за „росонерите“ и следните 12 месеци, и на 40 години ќе биде во црвено-црниот дрес.

Швеѓанецот во дресот на Милан досега има 130 настапи и запиша 84 голови.

„Среќен сум, го очекував ова, да се игра за Милан е задоволство, тука се чувствувам како да сум дома, ова е мој дом, ми недостасуваат навивачите, би останал тука до крајот на мојот живот“ – изјави Ибра.