Францускиот фудбалски првак ПСЖ и официјално го комплетираше трансферот на Мауро Икарди кој оваа сезона беше позајмен кај нив од Интер.

Интер од трансферот заработи 58 милиони евра. Икарди потпиша договор со ПСЖ до јуни 2024 година.

Со ова станува изгледно дека Кавани ќе го напушти ПСЖ ова лето како слободен играч.