Интер и Лудогорец ќе го одиграат реванш мечот од Европа лигата во Милано според планот, четврток 21 часот но пред празни трибини.

Коронавирусот ги избрка навивачите, УЕФА не сакаше одложување, решение е натпреварот да се игра без публика.

Интер првата средба во Разград, Бугарија, ја доби со 2-0, се наоѓа пред пласман во следната рунда.

Проблемот во Италија со Коронавирусот одложи неколку средби од минатиот викенд во калчото, во следното коло сите средби каде има опасност од вирусот ќе с еиграат пред празни трибини, тоа значи дека и супер дуелот меѓу Јувентус и Интер ќе се игра без публика.