Рома официјално го откупи целосно договорот на крилниот фудбалер Карлес Перез од Барселона. Шпанецот сезонава настапуваше како позајмен фудбалер на „Олимпико“, но италјаните имаа обврска целосно да го откупат неговиот договор по позајмицата.

Вкупниот износ на зделката е 12 милиони евра, односно Рома исплати 1 милион за позајмицата и 11 милиони евра за целосниот трансфер.

Перез го постигна својот прв гол за „Римската волчица“ во победата од 1- 0 над Гент во првиот натпревар од 1/32 коло од Лигата на Европа минатата седмица.