Уругваецот Единсон Кавани во изјава за „Би-Би-Си“ потврдил дека ќе го продолжи престојот кај Јунајтед за нови 12 месеци.

Кавани првично најави дека ќе замине од Јунајтед но очигледно се предомислил, Оле Гунар Солскјер упорно се трудеше да го задржи во тимот и успеа во тоа, тој со првична изјава зошто останува во Манчестер.

„Во текот на сезоната се создаде една „хемија“, едноставно огромна љубов, од првиот момент кога пристигнав, добив максимална доверба од менаџерот. Ме трогна и љубовта од навивачите, тие ми покажаа колку сакаат да останам и ќе дадам се од себе за да им возвратам со добри настапи“ – изјави Кавани откако потпиша нов едногодишен договор.