Антонио Конте од денеска не е тренер на новиот италијански шампион Интер, откако договорил предвремен раскин на договорот со „нераѕурите“, објави предмалку најдобро информираниот новинар на Апенинскиот полуостров, Фабрицио Романо.

Конте како опремнина ќе добие седум милони евра , а тоа е половина од сумата што требаше да ја заработи следната сезона.

Како причина за прекин на соработката се наведува несогласувањето на Конте со управата околу трансфер политиката , како и тоа дека Конте не се согласува за продавање на голем дел од играчите поради корона кризата.

Конте две години беше тренер на Интер, со кој освен до титулата стигна и до финалето од Лига Европа. Фаворити за негови наследници се Симоне Инзаги и Максимилијано Алегри.