На видео конференцијата меѓу министерот за спорт Спадафора, Фудбалската федерација,  фудбалерите и тренерите вечерва беше донесена одлука околу продолжувањето на фудбалот на Апенините.

Имено, одлучено е Копа Италија да започне на 13.јуни, додека една седмица подоцна треба да продолжи и Серија А. Термините околу одигрувањето на средбите ќе бидат дополнително познати.

Денес пристигна потврда и од Фудбалската федерација, која го потврди новиот медицинскиот протокол, околу тренинзите на екипите. Во него стои дека и да има позитивни случаи во екипите работата на клубовите нема да запре, односно само заразените лица ќе бидат ставени во карантин.