Сезоната во белгиската Про Лига и дефинитивно нема да се доигра, а Клуб Бриж е прогласен за белгиски шампион.

Бриж беше лидер со 15 поени предност пред второпласираниот Гент и како што беше најавено стигна до насловот на „зелена маса“. Ова е 17-та титула за  Бриж и нивна трета во изминатите пет сезони.

Белгија беше првата земја во Европа што ја откажа својата лига, а Бриж следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони.